Реал Мадрид дефинитивно има проблеми по заминувањето на Кристијано Роналдо. И иако тоа беше пред повеќе од една година, Португалецот сè уште му недостасува на тимот. Еден од играчите кој не е засегнат од ова е Карим Бензема.
Французинот е во многу добра форма и не престанува да бележи за „белиот балет”. Поради оваа причина, Реал е подготвен да му понуди нов договор, кој ќе биде до 2022 година со неделен надомест од 190 илјади фунти.
Лука Јовиќ, кој беше земен за негов заменик, сè уште не покажа дека е подготвен, откако нема реализирано гол за „белите” и има мала шанса за изразување. Французинот се запиша 10 пати на 14 средби во текот на оваа сезона. Бензема беше прецизен и во последниот натпревар на „кралевите” при победата од 4:2 над Гранада.