Две и пол години од судењето за случајот „Тортура“ паѓаат во вода, поточно судењето за овој случај ќе стартува од почеток, бидејќи еден од поротниците си дал отказ, а во судница беше отсутна и судијката Александра Ристеска.
Во судница беше кажано дека судијката не е присутна поради здравствени причини.
Поради смената на поротникот постапката мора да почне од почеток, односно одново да се викнат сите сведоци и да се изведат сите докази.
Во „Тортура“ СЈО ги обивини ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв
човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски Пуки и уште петмина „алфи“. Специјалното
јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко
постапување и казнување, за начинот на апсење на лидерот на Обединети за Македонија
и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски во 2011 година, ден по
предвремените парламентарни избори.
Првото рочиште за предметот се одржа на 28 февруари 2018 година, а досега беа
сослушани десетина сведоци. Следното рочиште е закажано за 22 октомври.