Стопанската комора на Македонија како стратешки партнер во проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ го презентира четвртиот повик за апликации на Фондот за можности 2019.
Целта на Фондот за можности е да ги поддржи понудувачите на обуки во насока на обезбедување на пазарно ориентирани и одржливи понуди, кои водат кон задолжително вработување на учесниците во обуката (најдоцна 3 месеци по завршување на обуката).
Опфатени сектори: Угостителство; Здравствена и социјална грижа; Лични услуги; Земјоделие; Прехрамбена технологија; Машинство; ИТ сектор.
Квалификувани апликанти на Фондот за можности:
а) Приватни тренинг провајдери кои нудат обуки во областа на неформалното образование
б) Средни стручни училишта кои нудат услуги во дел на неформално образование
в) Граѓански организации кои нудат услуги во дел на неформално образование
г) Работодавачи коишто вршат обуки во сопствените простории
Приватните провајдери, средните стручни училишта и граѓанските организации можат да аплицираат на Фондот за можности во соработка со еден или повеќе работодавачи кои писмено гарантираат дека ќе вработат најмалку 35% од учесниците, во рок од 3 месеци по одржувањето на обуката.
Работодавачи кои вршат обуки во сопствените простории треба писмено да гарантираат дека ќе вработат 50% од учесниците, во рок од 3 месеци по завршувањето на обуката.
Сите заинтересирани апликанти треба да го достават формуларот за апликација заедно со сите придружни документи, на е-адреса: Boris.Trimcev@helvetas.org најдоцна до 14 октомври.