Претседателот на Србија, Александар Вучиќ доби на подарок речник на албански јазик од дописникот на албанската телевизија „Клан“, Идриз Сефери.
„На Неговата екселенција претседателот Александар Вучиќ, мојот личен речник за подобро разбирање во иднина отколку во минатото“, пишува во посветата на речникот што му го подари за време на интервјуто што го водеше со Вучиќ за телевизијата „Клан“.
Претседателот на својот инстаграм-налог „budućnostsrbijeav“ објави фотографија со посветата и врачувањето на речникот.