Најмалку 38 лица загинаа кога брод потона во источно-централна Нигерија, јавија влаидни извори, пренесе ДПА. Претседателот Мухамаду Бухари доџна синоќа соопшти дека инцидентот е „уништувачка трагедија”. Само двајца од 40 патници успеале да го преживаат бродоломот, што се случил во понеделникот на реката Кирфи, во државата Баучи, изјави локалниот претставник Бапах Абду Бадара.
-Група луѓе се обидела да ја мине реката со стар брод, и покрај тоа што таа се излеала по обилните врнежи од дожд, изјави Бадара, пренесе ДПА.