Националната опера и балет на 15 октомври со почеток во 20:00 часот ја најавува трагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата.
„Кавалерија рустикана“, опера на Пјетро Маскањи во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева.
Настапуваат солистите: Весна Ѓиновска Илкова во улога на Сантуца, Ѓорѓи Цуцковски како Туриду, Борис Трајанов како Алфио, Николина Јаневска во улогата на Лола, Соња Пендовска-Мадевска како Мајка Лучија, хорот и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.