Пратеникот Александар Кирацовски за Фокус рече дека тој не се препознава во соопштението на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во кое се вели дека истрагата „Рекет“ се проширува за уште четири нови лица меѓу кои и еден функционер.
-Не сметам дека се однесува на мене, никој не ми се јавил, ниту ми кажал нешто, изјави Кирацовски, кој беше еден од функционерите кој беше повикан во Обвинителството за да даде исказ за истрагата за „Рекет“.