Порашениот претседател на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Французинот Мишел Платини ја издржа четиригодишната забрана за извршување било која функција во најважната споредна работа на светото, која му беше одмерена поради учество во скандалот со корупција. Платини по издржаната казна може да му се врати на фудбалот.
-Имам идеи, но рано е да зборувам за тоа, изјави некогашната фудбалска легенда и екс-прв човек на УЕФА од каде замина неславно.
Французинот има 64 години и може да се кандидира за нови фудбалки функции, но следните избори за во раководните структури во ФИФА, УЕФА и Француската фудбалска федерација се за неколку години.
-Имам доволно време да размислам каде да се активирам, ако решам да се вратам на фудбалот, вели Платини.
Пред Французинот сега е императив да докаже на суд дека не учествувал во финансиски малверзации со добивањето хонорари од ФИФА. Обвиненијата за Платини беа потврдени од две комисии на ФИФА, Спортскиот арбитражен суд во Лозана и Швајцарскиот врховен суд. Последната надеж на Платини да го исчисти багажот со корупцијата е жалба во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.