Вештачењата кои беа направени последни донесоа важни докази. Имаше интерес кај некои од осомничените за спогодба, не се поднесе званично барање, но побараа спогодба. Ќе видиме што ќе биде. ..Парите биле пуштени во промет затоа ќе има обвинение за перење пари, изјави шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска вечерва пред Кривичниот суд.
Таа утре ќе поднесе обвинение за истрагата за „Рекет“ и ќе побара продолжување на мерката притвор за Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец. Таа вели дека остануваат истите квалификации за осомничените. Русковска потврди дека кај некој од осомничените имало интерес за склучување спогодба, но не сакаше да обелодени за кого станува збор.