Околу 2.000 Словенци доаѓаат во Скопје да ја бодрат својата репрезентација

Денеска фудбалски денот е резервиран за одигрување на квалифиакциски натпреаври од групите за ЕП-2020. На програмата ќе бидат десет натпревари, меѓу кои и дуелот од 7. коло во Г групата, во Скопје меѓу Македонија и Словенија (20:45 ч.). Од исходот на оваа меѓусебна пресметка на арената „Тодор Проески“ ќе биде многу појасно каков расплет ќе има во финишот од квалификациската група. Двет селекции ги посакуваат трите бода за да останат во игра за втората позиција и пласман на завршницата од ЕП-2020.

Македонија како гостин во 2. коло од Љубљана се врати со бод (1:1), Словенците сега сакаат реванш со освојување на трите бода. За да успеаат во оваа мисија гостите од „дежелата“ најавуават дека ќе имаат поддршка и од трибините каде очекуваат да се најдат околу 2.000 нивни навивачи. Македонскиот табор пак очекува десетпати повеќе свои приврзаници на трибините кои треба да им помогнат да остварат нова победа и во фото-финишот да влезат израмнети според освоените бодови со моментално вторпласираната во групата Словенија.

Натпреварот во Скопје и Македонија и Словенија го сметаат за клучен во оставрувањето на нивните цели – ЕП 2020.

На другите два натпревари од 7.коло во Г-групата се среќаваат: Австрија – Израел,
Летонија – Полска.

Табела: Полска 13 бода, Словенија 11, Австрија 10, Израел 8, Макеоднија 8, Летонија е без освоен бод.

Треба да знаете
Последни објави