Поради државниот празник 11 Октомври, денеска автобусите од јавниот превоз сообраќаат по неделен возен ред. Истиот режим ќе важи и в сабота и в недела, информираат од ЈСП.
Денеска дежурни ќе бидат три билетарници: транспортен центар 7-19:30 часот, зелено пазарче 7-19:30 часот и Ѓорче Петров од 7 до 13 часот.
В сабота билетарниците ќе работат со вообичаено работно време, а в недела вообичаено дежурни ќе бидат посочените три билетарници.