Пет лица се уапсени и конфискувани околу половина тон кокаин и 520 грама кристал мет, скриени во кабина на брод кај Азурските Острови во Португалија, соопшти денеска Европол. Седум куќи беа претресени како дел од истрагата.
Операцијата, предводена од шпанската полиција заедно со одделот за наркотици на Европол, пресретнала брод за кој се открило дека прво пловел од Валенсија кон Бразил, а потоа од Бразил до Азурските Острови.
Штом се усидрил бродот, португалската и шпанската полиција ги уапсила членовите на екипажот. Покрај дрогата, запленето е и оружје, пари и наутички материјал. Уапсените се идентификувани како членови на меѓународна криминална група, која се занимавала со разни нелегални активности во Шпанија.
Во акцијата учествуваа и полицајци од Естонија, Холандија и Португалија.