Светскиот тенис од 4 ноември најверојатно ќе има нов лидер на АТП листата, Шпанецот Рафаел Надал. Шпанецот ќе го симне Србинот Новак Ѓоковиќ на првото место на АТП листата има поминато 272 недели. Србинот, моментно е лидер на АТП листата, но нема да настапи на турнирите во Виена и во Базел, а во пресрет на завршниот Мастерс во сезоната, играчите ќе останат и без освоените бодови во лондонска „О2 арена“ во 2018 година.
Ѓоковиќ лани на завршниот Мастерс забележа три победи во групната фаза, во полуфиналето го совлада и Кевин Андерсон пред да загуби од Александар Зверев во големото финале. Затоа на 4 ноември ќе остане без 1.600 бода (тука се сметаат и бодовите од Мастерсот во Париз) додека Надал тој ден нема да загуби ниту еден.
Шпанецот е во поповолна позиција и ќе патува како водечки во Лондон и по цена Ѓоковиќ да трумфира во француската престолнина. Единствена надеж за српскиот тенисер да остане на врвот на АТП листата е неговиот најголем ривал воопшто да не настапи на Мастерс турнирите до крајот на сезоната поради проблемите со зглобот на раката.