На Самитот на ЕУ следната недела ќе се расправа за санкции против Турција поради нејзините активности во Сирија, изјави денеска францускиот државен секретар за европски прашања Амели де Моншален.
– Ние нема да останеме немоќни пред ситуација која е ужасна за цивилите, слободните сириски сили и стабилноста на регионот, рече таа за француското радио. Таа додаде дека темата ќе биде разгледана во Европскиот совет следната недела.