Порано најголем моќник во светот на филмот, Харви Вајнштајн (67) во моментов е најомразениот човек во Холивуд. Десетици жени го обвинија за сексуална злоупотреба, меѓу кои и актерките Анџелина Џоли (44) и Гвинет Палтроу (47), а сега и Џенифер Анистон (50) ја шокира јавноста.
Актерката соработуваше со Вајнштајн во 2005 година за филмот Fatal Adultery, во кој глуми. Таа откри дека Харви тогаш се обидел да ја натера да носи фустан од брендот „Марчеса“, кој го основала поранешната сопруга на Вајнштајн, модната креаторка Џорџина Чепмен (43).
„Се сеќавам кога Џорџина ја лансираше новата линија за облека. Тогаш Харви дојде во Лондон каде што го снимав филмот. Тој ми рече: ‘Сакам да носиш еден од тие фустани на премиерата на филмот. Треба да го облечеш’“, признава Анистон, додавајќи дека тоа е единственото насилство што го претрпела од него, но на Харви му ставила до знаење дека нема да го носи фустанот затоа што не ѝ се допаѓа тој стил.