Повеќе од 400 парчиња оружје се запленети за време на операцијата која се одвиваше изминативе неколку дена во Франција, во рамките на борбата против домашната и меѓунардодната трговија со оружје, соопшти обвинителството во градот Рен, во западниот дел на Франција.
Во операција повеќе од 350 полицајци извршиле повеќе од 100 претреси, а „стотина лица биле сослушани“, соопшти обвинителството. Запленети се повеќе од 400 парчиња нелегално оружје, претежно пиштоли, како и дваесет пушки.
Операцијата била спроведена по апсењето на четворица трговци со оружје во февруари, кои увезувале оружје од Соединетите американски држави и од Србија, а по откривањето на работилница за „ремилитаризација на оружје“ за оспособување на претходно неутрализирано воено оружје во близина на Париз, соопшти обвинителството.
„Ремилитаризацијата на неутрализирано оружје“ се смета за еден од изворите на снабдување на нелегалниот пазар за оружје во Франција.Според експертите, на Балканот во илегална продажба има вкупно меѓу три и седум милиони парчиња оружје.