Македонскиот, регионалниот и европскиот ракометен првак во машка конкуренција Вардар утре (17. 30 ч.) пред своите гледачи во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува герменскиот Кил во рамките од 4. коло во групата Б од Лигата на шампионите. Вистински испит за „црвено-црните“ да докажат дека повторно имаат тим за високи дострели. За овој натпревар, по стартот три од три во групата каде се лидери, а Кил нема пораз, но има едно реми, новиот шпански стартег на клупата кај Вардар, Давид Писонеро ќе има и поголем број на играчи за ротација бидејќи е најевено враќањето во тимот на капитенот Стојанче Стоилов кој го заврши процесот на рехабилитација по хирушката интервенција на коленото.
Стоилов имаше опрерација на менискус и се рехабилитираше речиси четири месеци. Тој досега нема настапено во „црвено-црниот“ дрес од почетокот на новата сезона. Дали и колку ќе добие шанса да заигра против силниот тим на бундеслигашот Кил ќе одлучи тренерот Писонеро.