Францускиот произведувач на автомобили Рено на својот управен одбор расправаше „за управувањете со групата”, при што беше разрешен директорот на групата Тиери Болоре, јавува дописникот на МИА.
„На оваа средба, Управниот одбор донесе одлука да им стави крај на мандатите на генералниот директор на Рено СА и Претседателот на Рено САС г-дин Тиери Болоре веднаш”, се вели во соопштението на Рено.
Смената доаѓа во обид да се сврти нова страница по скандалот со поранешниот директор на Рено-Нисан-Мицубиши Карлос Госн, кој се наоѓа во домашен притвор во Јапонија. Таму е обвинет за финансиски малверзации во Нисан Мотор.
Клотилде Делбос, финансиски директор на групата, е назначена да дејствува како привремен директор. И покрај ваквиот пресврт во хиерархијата на францускиот производител, акциите на Рено утрово се зголемија за 2,9 отсто.
Во интервјуто за Лес Ехос Тиери Болоре ја осуди „вознемирувачка детерминација на насилна промена”.
-Единствено за што може да ме критикуваат е тоа што бев назначен за заменик генерален директор на почетокот на 2018 година, на предлог на Карлос Госн, рече тој.
На Тиери Болоре (56 години), кој му се придружи на Рено во 2012 година, може да му се припише негативниот резултат во првото полугодие, и неговите ноторно тешки односи со Нисан, што може да го попречи за смирување и повторна преговори на Алијансата меѓу двата автомобилски конструктори.
Од своја страна, француската држава, најголемиот акционер на Рено со 15 отсто од капиталот, објави дека не сака да се меша во изборот за управување на групата. Министерот за економија и финансии, Бруно Ле Маир, изјави дека „му верува” на претседателот на групата Жан-Доминик Сенард.
-Она што денес е важно е стабилноста на алијансата (со Нисан), нејзината можност за освојување нови пазари” и транзиција кон електрични возила, и ние имаме доверба во Жан -Доминик Сенард да предложи со соодветна стратегија, изјавио денеска за телевизијата на Сенатот Сенат Жан-Баптист Џебари, државен секретар за транспорт.
Оваа замена на Тиери Болоре доаѓа како обновување на управувањето со „Нисан”, во кое Рено има 43 отсто од капиталот, откако оваа недела беше решено да се разрешат главните раководители на ерата Госн. Во вторникот беше именуван нов главен извршен директор, Макото Учида (53), на местото на Хирото Саикава. Од избувнувањето на аферата Госн, односите меѓу француското и јапонското раководство беа лоши, што претставуваше закана за опстанок на алијансата, во која спаѓа и Митсубиши.