После првиот носител Новак Ѓоковиќ, денешна елиминација на тенискиот мастерс турнир во Шангај доживеа и Роџер Федерер. Швајцарската легенда загуби од Александар Зверев со 2:6, 7:6, 3:6.
За Зверев, ова е прва победа годинава против играч кој е меѓу десетте најдобри на светот според АТП листата. Таа црна серија му беше психолошки проблем, како да се плашеше од победата против Федерер, па триумфот го обезбеди дури по шестата меч-топка.
Во вториот сет, Зверев водеше со 6:5 и 40:0, на свој сервис имаше три меч-топки, но ги прокоцка, и ветеранот Федерер на неверојатен начин се избори за трети сет. Сепак, помладиот тенисер успеа да се врати во игра и да се пласира во полуфиналето во кое ќе игра со Беретини или Тим.