Здравствената состојба на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за која има мерка притвор во истражното одделение на затворот „Шутка“ се уште се наоѓа во лоша здравствена состојба, поради што и е продолжен престојот во привантната болницата „Жан Митрев“. На Јанева треба да и бидат направени дополнителни испитувања соопштија адвокатите на притворената поранешна шефица на СЈО.
Поранешната специјална обвинителка е обвинета за злоупотреба на службената положба. Нејзината колешка за организиран криминал од ЈО, Вилма Русковска ја товари дека како награда добила не само мебел од 5.000 евра, туку и 50 илјади евра, за да го извади од притворот во „Шутка“ осомничениот бизнисмен Орце Камчев од случајот „Империја“. Камчев доби домашен притвор, а потоа и времен пасош.
Поради лошата здравствена состојба во која се наоѓа Јанева, нејзините адвокати ќе побараат затворскиот притвор да и биде заменет со куќен. Адвокатите на Јанева поднесоа жалба и гаранција дека нема да бега со залог на три стана, за да се брани од слобода.
Тимот на Јанева оваа одлука ја очекува во текот на следната недела.