Напаѓачот на синагогата во Германија ги призна убиствата мотивирани од екстремно десничарски убедувања

Штефан Б, осомничениот за убиство на две лица во близина на синагогата во германскиот град Хале, се изјасни за виновен и рече дека делото било мотивирано од екстремно десничарски, антисемитски убедувања, јавија германските медиуми. Осомничениот, кој објавил расистички и антисемитски манифест и го пренесувал во живо пукањето што се случи во средата, детално им го опишал инцидентот на германските судии, се вели во извештаите на медиумите, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави