– По поразот во Сирија, терористите почнаа да бараат нови упоришта на Балканот и Југоисточна Азија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Изјавата ја даде на седницата на Советот на шефови на држави на Заедницата на независни држави (ЗНД).
– Соочени со поразот во Сирија, екстремистите сега се преселуваат во други региони каде се обидуваат да формираат упоришта, вклучувајќи ги Балканот, Југоисточна Азија и, за жал, јужните граници на земјите од ЗНД, рече Путин.
Според него, борбата против терористичките закани е приоритет за земјите членки на ЗНД.
– Клучно е да се вложат заеднички напори во борбата против тероризмот, рече рускиот претседател.