Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние изјави дека прашањето за датумот е едно, а друго се принципите, кои се важни колку што е важно и да соработуваме.
-Ако има нешто што нè обединува, нас европските претставници, тоа е едно нешто: на Северна Македонија, по сите досегашни напори и напорите што ќе следуваат, местото ѝ е помеѓу нас во ЕУ, да соработуваме. Можам да ви кажам дека сме мотивирани за соработка, изјави Тимоние на новинарско прашање по свеченоста по повод 11 Октомври во Куамново.