Хрватот Денис Гугиќ со грлото Сие Клаве го освои првото место на првиот натпреварувачки ден на Меѓународниот коњички турнир „Скопје 2019″ Меморијален куп Др. Јосиф Наумовски и 4. коло од Државното првенство.
Второто место во категоријата – висина 1,25 метри, го освои Бошко Ристиќ од Србија, додека трет беше неговиот сонардоник Зоран Јовановиќ.
На натпреварите со висина на пречките 1,15 метри победи Петар Милошевски на грлото Бравадос, пред Дарио Гроздановски и Леонида Грозадновска.
Најдобра во категоријата 1,05 метри беше Меланија Атанасовска на грлото Калатус, пред Бобан Темелковски и Самир Реџепи.