Холивудската актерка, Џејн Фонда е уапсена на скалите на Конгресот, додека протестирала против климатските промени, објавија американските медиуми.
Актерката (81) протестирала во рамки на својата кампања под името “Fire Drill Friday” (Противпожарен петок).
Актерката и уште неколку активисти биле приведени и качени во полициско возило, а на социјалните мрежи се појави видео од апсењето, јави „АП“.
Полицијата соопшти дека биле уапсени 16 лица под обвинувања за нарушување на јавниот ред. Актерката неколку часа подоцна е пуштена на слобода.
Пред апсењето, Фонда во својот говор ги нарекла климатските промени „колективна криза што налага моментална колективна акција.