По примерот на Христијан Мицкоски и премиерот, Зоран Заев, да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел. Ова го побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера нивниот лидер во интервју за „Макфакс“ изјави дека повеќе не е сопственик на удел на хидроцентралите.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски порача сите политичари кои вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или пак акционери во одредени компании, суштински да ги отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и за влијание на одредени економски текови во државата.
„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го отуѓи уделот и повеќе не е сопственик на компанија. Бараме и очекуваме, Зоран Заев како лидер на СДСМ и премиер на Република Македонија суштински да се оттргне и да се отуѓи за почеток од: Фарма Медика, Тргопродукт, Мамас Фуд, Омни Градба, Центроштепед, Тотал електроник, Еленица, Пеон, Сара Јавор, Тотал Инженеринг, Сара Инженеринг, Дравас Инженеринг, Електро Инженеринг“, изјави Стоилковски.
Тој додаде дека ова се само дел од компаниите во сопственост на Заеви, а имајќи го предвид имотниот лист и изјавите на Заев дека живеат во заедница со братот и родителите, неговото учество и удел во бизнисот додека е избран функционер е и повеќе од суштинско.