Последните две и пол години нема дилеми ниту дома ниту надвор, дека наштата татковина е на вистинскиот, на правиот пат, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на почеток на денешната граѓанска трибина во Куманово „На прав пат”.
Тоа е патот на напредокот, на сигурноста, стабилноста, патот на повисоки плати, на членство во ЕУ и НАТО, додаде Заев.
-Да кажуваш дека си на прав пат а да не дојдеш во Куманово, си го згрешил патот. Кумановци биле и ќе останат на вистинскиот пат. Тоа значи дека сме сопатници, на ист правец, на ист пат. А Куманово е вистинско олицетворение на Европската унија, Како што ЕУ е збир на земји со различни особености, така и Куманово е град – конгломерат во кој се испреплетуваат различни етникуми, вери, култури и јазици. Затоа Куманово, е град полн со дух и позитивна енергија, додаде претседателот на СДСМ, Зоран Заев.