Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со победа ја стартуваше одбраната на титулата, откако вечерва во Гевгелија славше минимално против Кожув со 78:76.
Тесна победа забележа и Куманово на домашен терен над Пелистер со 84:79.
Фаворитските улоги ги оправдаа Еуроникел со триумфот во Скопје против Вардар 92:82 и Гостивар со победата над Академија ФМП со 95:75.
Првото коло од Првата македонска кошаркарска лига ќе биде заокружено на 16 октомври со дуелот меѓу Работнички и младинскиот тим на МЗТ Скопје.