Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу ја отфрли понудата на претседателот на САД, Доналд Трамп за посредување помеѓу Анкара и единицата за народна заштита на сириските Курди, за да се стави крај на операцијата на Турција во Сирија.
Чавуоглу посочи дека единствената работа што треба да биде направена е терористите да го положат оружјето.
„Се обидовме со политичко решение во Турција во минатото и видовме што се случи“, наведе Чавушоглу.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека едно можно решение за конфликтот меѓу Курдите поддржани од САД и турските сили во североисточна Сирија е Вашингтон да посредува во мировни преговори.
Трамп на „Твитер“ најави дека САД имаат три опции.
„Имаме три избори – да испратиме 1.000 војници и да извојуваме воена победа, да ја погодиме многу тешко Турција и финансиски и со санкции, или да посредуваме меѓу Турција и Курдите“, наведе американскиот претседател.
„Се надевам дека можеме да посредуваме“, додаде Трамп.