Метро станица во Хонг Конг е тешко оштетена откако таму беа фрлени молотови коктели, но притоа никој не е повреден, соопшти владата.
Претставник на Владата ги осуди сите акти на насилство и најави темелна истрага за случајот.
Продемократските протести продолжија и денеска во Хонг Конг, но бројот на демонстранти е значително помал отколку на претходните собири. Неколку илјади луѓе учествуваа на мирен марш во Каулун, а пред седиштето на полицијата се собраа околу 200 луѓе.