Шекеринска: Ние испорачавме резултати, очекуваме Унијата да покаже лидерство и да ги отвори пристапните преговори

„Нашата земја секогаш гледала на процесот на проширување како на процес базиран на резултати и постигнувања. Ние испорачавме резултати во однос на политичката стабилност, медиумските слободи, но и постигнувањето на дел од стратешките цели на граѓаните, како членството во НАТО Алијансата кое го очекуваме до крајот на годинава”, истакна министерката Радмила Шекеринска денеска на Конференцијата на тема „Перспективите и предизвиците на Југоисточна Европа”, која се одржува во Цавтат, Хрватска, а е во организација на фондацијата „Фридрих Еберт”.

Министерката Шекеринска, која учествуваше на првиот панел посветен на европската интеграција, предизвиците и можностите за Југоисточна Европа, рече дека доколку идната недела не донесе позитивна одлука за Северна Македонија, прогресивните сили кои се подготвени за храбри компромиси, за помирување, за една различна, демократска и напредна слика за Балканот, ќе почувствуваат недостаток од интерес од Европската Унија. Таа додаде дека за да се промовира лидерство, мора да се имаат и вредности, но и конзистентност и веродостојност.

На конференцијата учествуваат бројни членови на Европскиот парламент, парламентарци од Германија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, претставници од академската заедница и невладиниот сектор.

Треба да знаете
Последни објави