Најмалку едно лице загина, 18 се повредени, а 3 се водат за исчезнати кога се сруши хотел во изградба во Њу Орлеанс.
Како што пренесе „АП“, поголем дел од хотелот „Хард рок“, ненадејно се срушил.
Градските власти соопштија дека повредените се префрлени во болница и нивната состојба е стабилна.
Гувернерот, Џон Бел Едвардс апелираше до граѓаните да не се приближуваат до местото на несреќата.
Засега не е познато како дошло до рушењето на делот од хотелот кој требаше да биде отворен на пролет, идната година.