Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот Зоран Заев одговорајќи на прашање од граѓани на денешната трибина во Куманово.
– Советник бил на Груевски, работел про боно, па не работел про боно, работел за пари, па и паралелено правел конструкции за да дава дозволи за хидроцентрали и за други енергетски ресурси и од тука доааѓаат парите, 7-8 % од толку хидроцентрали се огромни пари, истакна Заев.
Заев рече дека за сите сомневања треба да следуваат истраги а оние кои незаконски работеле да понесат одговорност.
– Правда за сите мора да има. И за хидроцентралите и за финансирањето на изборите и за незаконско работење сето тоа низ истрага транспарентно треба да се открие, ако има вклучени и од сегашната власт и тоа ќе се открие, порача претседателот Заев.