Вооружани напаѓачи убија најмалку 15 лица и повредија над 10 во напад врз џамија на северот во Буркина Фасо, наведоа извори од безбедносните служби и локалните власти.
Нападот се случил за време на верска служба, јави „Ројтерс“.
Идентитетот на напаѓачите засега е непознат.
Неодамна во Буркина Фасо се засилија терористички напади, поради што речиси половина милион луѓе ја напуштија областа. Повеќе од 500 луѓе се убиени во терористички напади во изминатите четири години.