Вчера напладне, во стан на булеварот „Туристичка“ во Охрид, поради неисправна плинска боца, настанал пожар, во кој, К.С.(71) од Охрид се здобила со изгореници на десната рака, соопшти МВР.
Пожарот, предизвикал оштетување и на соседниот стан, во сопственост на С.П. од Охрид.
Интервенирала Територијалната противпожарна единица која го изгасила пожарот.