Веста која ја пренесоа медиумите во регионов дека пејачката Елма Ганиќ била убиена утрово во Сараево е демантирана. Припадниците на МВР Сараево привеле поголем број на лица со цел да го расветлат убиството кое утринава се случило во кафеаната „Кај амиџе“ во Сараево.
Како што објави Аваз, жртва била 25-годишната Сумеја Д.
Од полицијата засега беше потврдено само дека е убиена женска личност. Откако беше објавено дека во 04:30 часот била убиена девојка, во медиумите започна шпекулации дека станува збор за пејачката Елма Ганиќ. Брзо се испоставило дека таквите вести биле лажни. Елма дошла видно вознемирена во редакцијата на телевизијата Хајат, барајќи да се демантира таа вест.
„Од утринава не престанува да ни ѕвони телефонот. Сите сме видно вознемирени. Лажната вест која се појави предизвика бројни проблеми. Сите се загрижени, не знаат што се случува. Јас доаѓам од угледно смеејство, и на таков начин се нарушува нашиот углед. Од сите кои објавија дека сум убиена, барам да се демантира таа вест, затоа што, како што гледате, никој не пукал во мене“, рекла таа.