Орбан ги загуби изборите во Будимпешта

Обединетиот кандидат на унгарската опозиција на локалните избори во Будимпешта победи со освоени околу 50 проценти од гласовите.

Околу 10.15 часот, актуелниот градоначалник на Будимпешта, член на владејачката партија Фидес, Тарлош Иштван, го призна поразот иму честиташе на победникот. По нешто повеќе од 70 проценти од преброените гласови Тарлош имаше само 44,82 отсто од гласовите и во пад. Неговиот главен конкурент, Караксони Ѓерѓели освои 50,11 отсто од гласовите.

Новиот градоначалник е добиен бидејќи победник е оној што е освои релативно мнозинство, што е механизам што премиерот Виктор Орбан го воведе во изборниот закон, со кој обезбедуваше победи на претходните избори затоа што опозицијата беше поделена до овие локални избори.

Ѓерѓели е кандидат на сите опозициски партии освен на Јобик, но сепак, оваа радикално десничарска партија одлучи да не ѝ наштети на опозицијата па не кандидираше свој кандидат.

Од самата победа на опозицискиот кандидат речиси е поважно дека опозицијата освои мнозинство во градскиот совет, кој сега станува центар на борбата на опозицијата против премиерот.

Треба да знаете
Последни објави