Во Калифорнија од 2023 година ќе бидат забранети производството и продажбата на предметите од животинско крзно.
Законот кој го потпишал гувернерот, Гевин Њусом, забранува продажба и изработка на облека, обувки и чанти од животинско крзно, со што Калифорнија станува првата земја во САД која воведува ваква забрана, пренесе „Би-би-си“.
Казната за кршење на законот ќе изнесува 500 долари, а во случај на повторување на делото – 1.000 долари.
Претходно, медиумите во САД пренесоа дека гувернерот на Калифорнија, одобрил закон со кој се забранува учеството на голем број животни во циркусите.