Буфон ги повика навивачите на Јувентус да покажат почит кон Конте

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон ги потсети навивачите на клубот дека сегашниот тренер на Интер, Антонио Конте, во минатото многу придонесе за успесите на „Старата дама”.

Претходно, навивачите на Јувентус создадоа петиција во која се бара да ја отстранат ѕвездатата на Конте од клупската алеја на славните, поради фактот што специјалистот стана тренер на Интер.

– Навивачите на Јувентус мора да запомнат дека треба да го почитуваат Конте, бидејќи тој има многу дадено на Јувентус и постигна одлични резултати. За неговиот избор може да се разговара долго време, но тој многу придонесе за клубот, изјави Буфон за „Футбл Италија”. з

Треба да знаете
Последни објави