Ататијана Џеферсон (28) од Форт Ворт, Тексас била убиена во спалната соба во нејзината куќа од полицаец. Младата афроамериканка живеела со својот осумгодишен внук, а полицијата била повикана на нејзината домашна адреса откако соседот забележал дека вратата од куќата е отворена среде ноќ.
Кога полицаецот пристигнал на адресата на Ататијана околу 2.30 часот во саботата, низ прозорецот забележал „подвижна фигура“, по што наредил лицето „да ги крене рацете во воздух“, а потоа испукал куршум низ стаклото.
Полицијата од Форт Ворт соопшти дека нивниот службеник, кој е белец пукал зошто перципирал закана, но е суспендиран додека истрагата за смртта на девојката се уште трае.
Полицијата, исто така, објави видео на кое се гледа како полицаецот пукал во Ататијана само неколку моменти откако ја забележал, а во истата снимка е најконтроверзно што полицаецот воопшто не се идентификувал пред да го пука.
Во истото видео се гледа и пиштолот што го пронашла полицијата во куќата на убиената, поточно во нејзината спална соба, но сè уште не е познато дали Ататијана го држела споменатото оружје во рака во моментот кога била убиена. Инаку, поседувањето огнено оружје е легално за лица над 18 години во Тексас.
Според адвокатот на семејството, Ататијана, дипломе од локалниот универзитет и која продавала фармацевтски производи, ноќта на убиството играла видео игри со нејзиниот внук, а кога слушнала врева од под прозорецот излегла од куќата за да провери што се случува. За нејзина несреќа не ја затворила вратата, а соседот Џејмс Смит (62) набргу откако забележал дека вратата е отворена ја повикал полицијата.
– Јас сум потресен. Јас сум лут. Вознемирен сум и се чувствувам виновен… Да не ја повикав полицијата, таа сè уште ќе беше жива, изјави Смит за американските медиуми.
Видеото може да го видите на следниов линк: https://youtu.be/mb4n7sddVsU?t=98
UNACCEPTABLE! The acts of yet another “trained” police officer have resulted in the death of #AtatianaJefferson. Gun downed in her own home. If we are not safe to call the police, if we are not safe in our homes, where can we find peace? We demand answers. We demand justice. pic.twitter.com/UZqHQzPyaW
— NAACP (@NAACP) October 13, 2019