Девет лица загинаа, а 10 се повредени во експлозија на плинска боца во ресторан во источна Кина.
Експлозијата целосно уништи ресторан во провинцијата Џиангсу и ги оштети околните продавници.
Според „АП“, повеќе од 200 припадници на спасувачките екипи се распоредени на местото на експлозијата. Состојбата на повредените е стабилна.