Демонстрантите во Хонгонг подигнаа голема статуа која ја нарекоа „Дама на слободата“, пред денешните протести во градот.
Статуата од три метри, која претставува жена со гас-маска, шлем и очила, беше влечена во текот на ноќта на еден рид висок 500 метри и покрај силното невреме.
Статуата има црн транспарент на кој пишува „Револуција на нашето време, ослободете го Хонгконг“ и претставува жена која што демонстрантите веруваат дека била застрелана во окото за време на протестите со проектил испукан од полицијата, пренесува „Ројтерс“.
Метро-станицата во Хонгконг беше оштетена вчера кога беа фрлени молотови коктели, но никој не е повреден.
Протестите во Хонгконг започнаа во јуни околу контроверзниот закон со кој се дозволува екстрадиција на осомничените во Кина, каде што противниците на законот веруваат дека нема да имаат фер судење.