Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски викендов се ожени со неговата избраничка Андријана Јакимовска. Судбоносното „да“ го кажаа во манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка.
Доскорешниот министер за земјоделство и сегашен генерален секретар на партијата, венчавката ја најави уште летоска кога избраничката ја побарал за жена на нивниот одмор во Порторож во Словенија.