Верстапен кон Леклер: Возиш неодговорно!

Макс Верстапен го обвини Шарл Леклер од Ферари за неодговорно возење за време на Големата награда на Јапонија. 22-годишниот Холанѓанец ги обвини стјуардите дека не преземаат понатамошни активности за решавање на несреќата меѓу двајцата.

– Шарл одеднаш се удри во задниот дел од мојот автомобил. Од моја гледна точка, не мислам дека би направил нешто поразлично во тој случај. Стјуардите не планираа ниту да го испитаат случајот, а мојот автомобил беше целосно уништен. Од другата страна, автомобилот имаше само мали дупки. Ми се допаѓаат тешките трки, но ова не беше баш таква. Тоа беше неодговорно возење, рече Верстапен по Гран-при на Јапонија.

Шарл Леклер на крајот беше казнет од стјуардите со 15 секунди на своето време и изгуби едно место во конечниот пласман, откако на крајот заврши седми.

Треба да знаете
Последни објави