Доколку во минатото решавање на проблемот кој Грција го имаше со нашето име беше единствена причина за недобивање датум за преговори, сега проблем станува криминалот на Заев и неговата влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Опозицијата нагласува дека сиромаштијата, корупцијата и неправдата не се и не може да бидат правиот пат за Македонија.
„Три години го чувствуваме ‘блескањето’, но решенија на проблемите нема. Македонскиот граѓанин не може да живее само со ‘ќе’ живот. Сиромаштијата и катастрофалните економски политики на Заев се правиот пат само за уништување на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија додава дека граѓаните се соочуваат со илјадници проблеми, кои нема кој да ги реши и патот до Европа не оди заедно со коруптивните скандали на власта, негрижата и неспроведените реформи.