Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева утре се враќа во истражниот затвор во Шутка, потврди за ТВ24 нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска. Зсравствената состојба значително и се подобрила по четири дена поминати во приватната клиника „Филип Втори“, каде според адвокатите беше примена во прединфарктна состојба.
– „Најверојатно утре, не знам кое време ќе биде пуштена од болница. Така ме информираше нејзиното семејство. Сега е добро, здравствената состојба и е значително подобрена“- изјави Фрчкоска.
Дали Јанева ќе го продолжи престојот во затворската келија во Шутка зависи од Апелација и Кривичен. Неделава Апелација треба да одлучи по барањето на Јанева да се брани од слобода со гаранција од три стана. А Кривичен треба да се изјасни по тоа на Русковска, која со обвинителниот акт побара и продолжување на притворот за Јанева. Од Кривичен велат дека повеќе информации ќе имаат неделава.
– „Примен е обвинителниот акт за „Рекет“, распределен е на оценкам кога би имало седница ќе се знае неделава. Ќе се одлучува и за барањето за продолжување на притворот“- велат од Кривичен.
Адвокатката на Јанева, Фрчковска пак најави дека ќе приговараат на обвинителниот акт на Русковска. Но и ако одлуките се негативни, пак ќе побараат Јанева наместо од „Шутка“ да се брани од домашен притвор.
Во обвинението на Русковска, Јанева е второобвинета за Рекет за злоупотреба на службената положба. Покрај мебелот кој и беше запленет при апсењето, вреден 5.000 евра, Јанева добила и 50.000 евра. за да го пушти осомничениот бизнисмен во „Империја“ Орце Камчев во домашен притвор, а потоа да му го врати и пасошот, Останатите двајца обвинети, Бојан Јовановски и Зоран Милески земале 1,5 милиони евра. Јанева и Јовановски се во притвор, а Кичеец ќе се брани од домашен притвор.
Со проширената истрага пак во „Рекет“ како осомничени влегоа покрај Бојан Јовановски, и неговиот татко Миле Јовановски, неговата лична асистентка, потоа Јасна Мандиќ, потпретседателката на Меѓународниот Сојузот, но и Фросина Ременски, функционер од СДСМ, која е суспендирана од партиските функции. Според обвинителството, со измама успеале да извлечат речиси 1 милион евра од двајца бизнисмени, за проекти за домови за стари лица.
целиот линк погледнете го тука: https://www.24.mk/details/janeva-utre-zaminuva-od-bolnica-kje-se-vrakja-vo-pritvor