Состојбата на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет”, е стабилна и денеска треба да биде пуштена од болничко лекување и вратена во затворот „Скопје”.
– Состојбата на Јанева е стабилизирана и препишана и е терапија. Денеска очекуваме да биде пуштена од болничко лекување и вратена во притвор, изјави нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.
Одбраната, рече таа, се уште го чека одговорот по поднесената жалба за замена на мерката притвор со куќен притвор.
– Се уште немаме одговор на жалбата. Денеска го примивме обвинителниот акт и имаме рок од осум дена за приговор, изјави Фрчкоска.
Поради висок притисок и општа анксиозност Јанева минатата недела беше пренесена на клиниката „Жан Митрев” на интернистичко кардиолошки преглед. Јанева е обвинета во случајот „Рекет” и издржува мерка притвор во истражниот затвор „Скопје”.