Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции, иако воопшто не било болно. По две години, судот во Далас, САД ја осуди на шест години затвор, откако се изјасни за виновна за повреда на дете.
Десетгодишниот Кристофер Боуен најголемиот дел од детството го поминал во болниците. Тој одел на лекар 323 пати и имал 13 големи операции помеѓу 2009 и 2016 година, според „Форт Ворт Стар-Телеграма“. Му била ставана цевка за хранење, користел апарат за кислород, понекогаш морал да седи и во инвалидска количка. Но, ништо од тоа не му било потребно, бидејќи детето било здраво. Медиумите пишуваат дека проблемот всушност е кај мајката која боледува од синдром на Минхаузен, којшто претставува сериозно ментално пореметување.
Оваа неверојатна приказна ја објавија светските медиуми, кои пишуваат дека неговата мајка Кејлин Боуен-Рајт од Далас, САД, со години го подложувала сопственото дете на непотребни инвазивни медицински третмани во Далас и Хјустон.
Во петокот, Боун-Рајт беше осудена на шест години затвор, откако се изјасни за виновна за повреда на дете. Болниците во Далас и Хјустон се посомневале во целиот случај и поднеле извештаи до државната Агенција за детски услуги. Служба за заштита на деца и го одзеле старателството на мајката за Кристофер и неговите две полусестри. За нив сега се грижи таткото.
Со тоа завршила долгата правна битка на таткото на Кристофер, Рајан Крафорд, кој со години се обидувал да го добие старателството над синот и тврдел дека тој не е болен.
„Таа секогаш велеше дека Кристофер е болен. Секоја недела. Секој месец “, изјави Крафорд за медиумите во декември 2017 година, кратко време откако Боун-Рајт беше уапсена. „Таа секогаш ќе речеше:„ Нешто не е во ред. Тој го има ова. Тој го има тоа. ”
Со текот на годините, мајката на Кристофер тврдела дека детето има карцином, генетско нарушување и напади, меѓу другите заболувања.
Боуен-Рајт, исто така, онлајн прибирала финансиски средства за лекување на Кристофер. Таа организирала велосипедска трка за него во 2014 година, откако тврдела дека има ретка болест наречена артериовенска малформација, со надеж дека ќе собере 30.000 американски долари за медицински третмани.
На судењето на Боуен-Рајт оваа година, Сузан Дакил од Детскиот медицински центар во Далас изјави дека Кристофер честопати се чинел поздрав отколку што тврди неговата мајка и дека непотребните третмани всушност предизвикале медицински компликации.