Легендарниот гитарист повторно треба да се справи со сериозна болест, а веста ги загрижи неговите обожаватели кои му испраќаат пораки на поддршка.
Според „Дејли мејл“, гитаристот и основач на групата „Ван Хален“, Еди Ван Хален, дознал дека повторно боледува од рак на грлото, кој во неговиот случај е предизвикан од држење на метална трзалица во устата долги години.
Пред 19 години му беше отстранета една третина од јазикот, а во 2002 година ракот се повлече. Последните пет години тој одеше на лекување во Германија за да ја контролира болеста, но сега пристигна лошата вест.
Во 2012 година, тој беше прогласен за најдобар гитарист на сите времиња според читателите на списанието Guitar World, а на гласањето беа вклучени повеќе од половина милион луѓе.