Македонските јуниори го освоија турнирот во Шумен

Машката кошаркарска јуниорска репрезентација (до 18 години) викендот што измина го освои првото место на турнирнирот во Шумен, Бугарија. На првиот натпревар, јуниорите забележаа триумф од 89:69 против кошаркарскиот клуб Оканик од соседна Србија, а во финалето против Бугарија беа подобри со 88:74.

Со постигнат 41 поен во финалниот македонскиот репрезентативец Андреј Андоноски се закити со трофејот за најкорисен играч (МВП).

Треба да знаете
Последни објави